Љубинка Вета и Наќе Гогов, двајцата советници од СДСМ во Советот на општина Сттрумица отворија војна на социјалните мрежи, со обвинувања за бизниси, алчност, лакомост, егоизам, мизерен карактер и препорака за дијазепами, пишува порталот Денешен.
-Еднаш неправедно матичната партија СДСМ го разреши од директор на тогашниот Медицински центар во Струмица, во моментот кога тогашниот министер за здравство, планираше да го прогласи за најуспешен менаџер. Сега не го разрешивте, се разбира, зошто требаше да назначите директор на ЈЗУ Општа болница Струмица, а тој беше во трка со колегата Др Наке Гогов, Многу размислуваше пред да каже дали би сакал повторно да биде кандидат, зошто тој лесно не носи одлуки, ама ако донесе, таа е поткрепена и со план и стратегија за понатамошно дејствување за да ги постави работите како што тој умее – под конец. Одговорноста и посветеноста се негови најголеми доблести. Сте побарале од Здравствената комисја во Скопје двајца кандидати, тој, мојот брат на 57 години-специјалист анестизиолог, мислам и примариус и Др Наке Гогов -специјалист невролог, кој за некој месец ќе прави 64 години. По вашите критериуми, кадровици од мојата партија, како што најавивте сте избрале најстручни и најспособни директори…а, изборот падна на Др Наке Гогов кој ми е од браншата и со кој сум заедно во Советот на Општина Струмица, пишува Вета.
Наќе Гогов
На ваквиот статус на Вета реагираше Миле Гогов, син на новиот директор на болницата Наќе Гогов.
-Навидум си културна, навидум ти не навредуваш, а ти кажуваш дека одлуката паднала на ,,неспособниот,, Д-р Наќе Гогов.Епа вака да расчистиме едно. Ти бааги време имаш раскрстено со докторството.Мојот татко одлучи да биде доктор, а ти бизнисмен или бизнис-woman, на што не ти е таа лоша варијанта.Имаш заборавено дека мојот татко ти има помогнато додека ти работеше приватно до многу скоро. Имам слушнато за многу доктори пофални зборови, некои критики. Ама за тебе освен некаковото лигавење по фб, НЕ СУМ ВИДЕЛ НИТУ СЛУШНАЛ НЕКАКВА СИ ДИЈАГНОЗА , ЛИЧНО ОД ТЕБЕ, НЕКАКВО ЛЕКУВАЊЕ НА ГЛАВОБОЛКА, ВРТОГЛАВИЦА, РАЗРЕШЕН СЛУЧАЈ, пишува Гогов меѓу другото.
СДСМ од Струмица стоеше зад Др. Јане Араников, кој беше поддржан од актуелните пратеници на СДСМ Др. Катерина Кузмановска и Др. Коста Јаневски. Др. Араников ја имал и поддршката на премиерот и претседател на СДСМ, Зоран Заев.
Љубинка Вета
Но, одлуката и препораката на општинската организација од Струмица за Др. Араников е сменета од централата на СДСМ, со поддршка на министерот Љупчо Николовски, по што Гогов е поставен за директор на болницата. Министерот Николовски периодов повеќе пати беше во Струмица поради проблемите со бостанот, но сега активно се вклучува во кадровска политика.
Миле Гогов, син на Наќе Гогов
На хаосот во ОО на СДСМ Струмица придонесуваат крајно влошените односи помеѓу претседателот на СДСМ и екс пратеникот на СДСМ Марјан Даскаловски, заедно со секретарот Илија Патриков, а кои се отворено против актуелниот ВД градоначалник Коста Костадинов, кој е личен избор на Заев.
Марјан Даскаловски
Извор: kurir.mk