Од ден во ден расте поддршката за актуелниот градоначалник и кандидат за нов мандат во Прилеп.
Ристески денеска доби масовна поддршка од населбата “Рид 1”, каде ВМРО-ДПМНЕ традиционално има голема поддршка и е една од бастионите на оваа партија во градот под “Марковите Кули”.
Сликата е речиси иста и во другите населби, каде секое појавување на Марјан Ристески е проследено со аплаузи и овации. Прилепчани остануваат верни на човекот во изминатите 12 години го препороди Прилеп во секој поглед.
Од предизборната кампања остануваат уште само 5 дена, а потоа граѓаните ќе се изјаснат на избирачките места.
Според доседашните случувања во Прилеп, актуелниот градоначалник сеуште ужива огромна поддршка кај гласачите.
А/Г/