Популизам, наусогласеност на централната и локалната власт, внатрепартиски конфликт или партиски реваншизам? Што се крие во последната објава на МТСП и реалноста во Прилеп?!

Ја пренесуваме веста од МТСП во врска со најавените нови вработувања во градинките:

МТСП обезбеди 486 вработувања на неопределено време во градинките

“Министерството за труд и социјална политика известува дека 226 работни места во детските градинки, на кои повеќе години се вработувал кадар на определено време, се трансформираат на неопределно време.

Министерството за труд и социјална политика обезбеди согласност од Министерството за финансии за вработувања на неопределено време на 226 работни места во јавните установи за деца-детски градинки, за трајно испразнети работни места, a кои тековно биле пополнувани со вработувања на определено време,,

Ова е втора објава на МТСП дека ваквите работни места се решаваат трајно како и судбините на вработените на овие места, која и следи на првата од пред Нова година. Оваа објава е слична на објавата на градоначалникот на општина Прилеп во врска со ваквите вработувања, но реалноста до сега беше сосема спротивна. МТСП и Градоначалникот се поигруваат со човечките судбини и на сето тоа сакаат да добијат само политички поени и покрај ветувањата за живот на сите?

Пред Нова година од градинките беа отпуштени токму ваквите договорни лица и на нивните места на определено време беа ангажирани партиски војници спротивно на убедувањата во јавноста на МТСП дека се врши продолжување на работните договори за лицата кои веќе имаат договор.

За какво вработување сега станува збор и за каква трансформација кога лицата кои веќе имаа работни договори на определено време неколку години наназад веќе се отпуштени?

Тогаш што се крие зад сето ова?

– Популизам, со што јавноста се лаже дека власта трајно ги решава работните места и судбините на вработените кои имаа работен однос на определено време?

– Внатрепартиски или конфликт меѓу локалната и централната власт во врска со решавањето на овие работни места, со што локалната власт работи спротивно на напатствијата на МТСП?

– Политички реваншизам, со објава на огласи без посебен закон за транформација ќе бидат отпуштени сите досегашни вработени на определено време и на нивно место ќе дојдат партиски војници и трајно ќе се решат работните места, но и трајно ќе се разрешат сите неподобни вработувања?

Дали градоначалникот на општина Прилеп еднаш ќе застане зад своите предизборни ветувања и ќе донесе живот за сите, со што сите претходни отпуштени вработени ќе се земат во предвид при огласот за вработување, како вистински професионалци кои долго време си ја вршеле работата и имаат најголемо работно искуство, или повторно ќе биде замајување на јавноста со популизам и вработување на неподобни и непрофесинални кадри?

Редно е градоначаникот да одговори на овие прашања и да донесе живот на сите.

Во прилог Ви се и согласностите од министерството за финансии кои Градиначалникот ги погази!?




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.