Урнатите и навалени огради им демнат со ризик на минувачите и возачите на автомобили на мостовите на улиците “Александар Македонски” и “Трајко Николоски”.
Никој не мрднал со прстот да ги исправи и да ги стави во функција.
Дали се чека уште некоја несреќа со трагични последици за некој да ја заврши работата за која е платен со наши пари.
Уште трае еуфоријата од изборите, а се очекува да се засучат ракавите.
Грижата за безбедноста на граѓаните е примарна обврска на локалната самоуправа и во секторот на сообраќајот.