Вечерва во 18 часот, пред спомен комплексот “Карпалак” во Прилеп, ќе пристигне Илинденската коњаница и ќе продефилира до споменикот “Прилепски бранители”.
Oд црквата Св. Петар и Павле од Горно Лисиче и оваа година по 39 пат коњаниците се упатија до славното Крушево каде ќе присуствуваат на одбележувањето на најголемиот национален празник Илинден.
Преку Илинденската коњаница се оживува духот на војводите, комитите и сите оние кои со живот платиле за денешната слобода и слободна држава.
Ќе биде навистина убаво да се види и да се почувствува Илинденскиот дух во центарот на Прилеп, па поради тоа се очекува голем број граѓани да присуствуваат на вечерашниот пречек на Илинденската коњаница во градот под Марковите Кули.
Меѓу коњаниците има и една дама, која заедно, рамо до рамо со мажите јава до Крушево.
А/Г/