Патот до ова откритие обиечно трае од 8 до 10 години, но во случајот на ова откритие, потребни биле 5 години
Лекот за рак на белите дробови кој го открил професорот Игор Штаглјар, кој работи на отсекот за биохемија и медицинска генетика во Торонто, наскоро ќе започне да се истражува во Канада и Хрватска, пишува српски Телеграф.
“Дојдовме до стадиум лекот да биде спремен за употреба и ќе започнеме да го применуваме и во Хрватска, и тоа следната година”, рекол Штаглјар.
“Применивме нова технологија која ја развијавме пред три или четири години и со која сега можеме да проучуваме околу 500 различни човечки болести. Таа технологија на некој начин е светско чудо, кое наскоро ќе биде применувано за пронаоѓаме на лек против рак на белите дробови. Веќе во мојата лабораторија проучуваме и лекови против рак на простата и карцином на дојка”, додал тој, кој за технологијата која ја открил добил награда од 3,25 милиони долари.
Благодарејќи на наградата тимот на Штаглјар успеал да развие технологија.
ТУМОРИТЕ СЕ ПАМЕТНИ, ТИЕ ЕВОЛУИРААТ
“Туморите се болести на минатото, сегашноста и иднината. Можеби еден ден ќе ги разбираме на молекуларно ниво, но нема никогаш да ги победиме. Туморите се многу паметни, тие еволуираат. Кога ги третираме со одреден лек, стануваат разистентни. Секогаш мораме да бидеме подготвени да имаме баталјон нови лекови кој ќе можеме да ги произведеме после откриените мутации кај пациентите”, изјавил угледниот професор.