По повеќегодишните натегања со европските агенции и високи лица во Европската Унија, Русија реши да ја продолжи изградбата на Турскиот тек.
Гаспром ја продолжи работата и веќе започна со поставување на нафтоводни цевки во Црното море во регионот Краснодар. Вкупната должина ќе биде 900 километри, а ги поставува со специјализиран брод, кој ја носи и ја поставува конструкцијата на морското дно.
Планот е гасоводот да се разгранува на две страни, односно да ги снабдува и Европа и Турција. Едниот крак е предвиден да оди преку Грција, низ Македонија и Србија кон ЕУ.
Ф.Г.