“Детската Амбасада за Сите Деца во Светот” утре по 12-ти пат го организира “Божиќниот ручек” во Прилеп

Детската Амбасада за Сите Деца во Светот, по 12-ти пат , и оваа година го организра  настанот, “Божиќн Ручек”.  500  деца утре одново, во хотелот „Кристал Палас“ во Прилеп ќе се дружат на свечен Божиќен Ручек и ќе го слават Христовото раѓање.

По 9-ти пат на оваа прослава Детската Амбасада за Сите Деца во Светот го доделува и престижното признание за општествена одговорност ОРДЕН ЗА НОСИТЕЛ НА МИРОТ, кој оваа година му се доделува на УНИЦЕФ МАКЕДОНИЈА.

Деца од целата територија на Република Македонија на заедничка трпеза ќе го прослават Божиќ, денот на Христовото раѓање, и на таа заедничка трпеза ќе седнат: деца без родители, деца на загинатите бранители, деца со посебни потреби, како и истакнати деца – членови на Детската Амбасада. Децата се од Прилеп, Скопје, Ресен, Крушево, Демир Капија, Струмица и од другите градови ширум државава.

Божиќниот Ручек ќе го благослови Неговото Високо Преоствештенство, Митрополитот Преспанско-Пелагониски и Администратор Австралиски и Новозеландски, Господин Петар.

И оваа година, покрај добитникот на Орденот за носител на мирот, ќе има и доделување на ПЛАКЕТА ЗА ПРИЈАТЕЛ НА ДЕЦАТА, за кои Детската Амбасада за Сите Деца во Светот одлучи да ги додели на најзаслужните, : А.Д. „Охридска банка“ од Скопје, КДС „Кабелнет“ од Прилеп. И на пријателите на децата и Детската Амбасада, Градоначалникот на Општина Прилеп, Г-дин Илија Јованоски, Алкалоид А.Д. од Скопје, Охридска банка од Скопје, А.Д. Реплек од Скопје, Дрексел Мајер од Кавадарци, Жикол од Струмица, Прилепска Пивара од Прилеп, Маркоски К73 од Струга.

 




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.