Скопје пулсира во ритамот на фудбалот. Еуфоријата ги понесе и македонските граѓани, но и фановите кои дојдоа во главниот град од повеќе земји од светот.
Забава, гостопримство и фудбалско лудило владее овие два дена во Скопје. Дека гостите од странство пријатно и опуштено се чувствуваат во Македонија говори и сликата која се најде на социјалните мрежи. Имено гол навивач на Манчестер јунајтед се качи на маса среде скопско кафуле и танцува во пресрет на Суперкупот вечерва во Скопје.
Понесен од амбиентот и многу алкохол голиот човек качен на маса предизвика воодушевување кај пријателите навивачи, но и презир кај присутните што беа сведоци на овој стриптиз.