Прилепските локални власти се чини ја “научија” лекцијата од штипските и скопските.
Пред да им насадат и нив цвеќиња во стотиците кратери по улиците, општината предводена од Илија Јованоски се реши да реди бекатон плочки на сред коловозите.
Па мора да ги пофалиме, ова е одлична досетливост како сите улици да ни станат поплочени плоштади.
Е не… само центарци ќе шетаат по корзото. Локалната има нов проект … “Плоштад за секоја улица”.