Во Прилеп одбележан – Светскиот ден на прегратката

„21 јануари“ е Светскиот ден на прегратката. По тој повод, денеска во просториите на градската библиотека „Борка Талески“, децата од градинката „Бончејца“ со песна и игра и со многу прегратки го посетија детското катче.

„По повод одбележување на Светскиот ден на прегратката, денеска децата од нашите градинки ја посетија библиотеката, го посетија детското оделение и се запознаа со книгите и сликовниците. Реконструираното одделение во градската библиотека има формирано два помали оддела, едниот е за помалите, а другиот за поголемите дечиња. Условите се идеални за читање, учење, дружење на децата, поточно за нивна соодветна социјализација и посветеност кон книгите“, изјави Петар Петрески, директор на градската библиотека.

Инаку, дваесет и први јануари е прогласен за Светски ден на прегратката во 1986 година во Америка, со цел да се поттикнат луѓето да ги манифестираат отворено своите емоции во јавноста.

 




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.