Веќе никој не може да им застане на патот: Маријана и Мишела одново решаваа во меѓусебно финале на Државното првенство на Западна Австралија

Близначките Мишела и Маријана Димоски се најголемите конкурентки меѓу себе во Австралија, а тоа го докажаа и денска на Државно првенство 2018 на Западна Австралија.

Мишела е прва во У-21 и прва во сениорки, додека Маријана е втора.

Сестрите близначки од Прилеп веќе редовно решаваат на меѓусебен дуел во финалето.

Во финале Мишела ја соволала Маријана со 3-2, а сите мечеви со останатите противнички ги добиле со 5-0, пренесува нивниот татко и тренер Златко Димоски.

Минатата година Маријана беше прва во сениорки, а Мишела втора, а во У-21 не се променија работите, останаа исти како и сега.

„Ова е прво задолжително натпреварување, следното е “Австралија Oпен 2018” во Сиднеј oд 19-22 април, а во мај следи “Континенталното првенство на Океанија”, на кое Маријана и Мишела ќе ја претставуваат Австралија и во сениори и во У2-1“, додава Димоски.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.