Велешанецот Александар приреди шоу за паметење во “Ѕвездите на Гранд” (ФОТО)

Александар Темелков повторно се врати на сцената во “Ѕвездите на Гранд” и се претстави со македонска народна песна, а со помош на продукциското жири ја отпеа и втората песна. Со песната “Кило горе, кило доле” од Миле Китиќ, младиот велешанец направи вистинско шоу, притоа  одеше од стол до стол да ги поздрави членовите на жирито.

Кога дојде до столот на Јелена Карлеуша таа го подигна во раце и го врати на сцената, а сите во студиото “плачеа од смеа”. Со седум гласови Александар влезе во баражот, а Саша Поповиќ после неговиот настап истакна дека младиот велешанец е еден од најпопуларните натпреварувачи, бидејќи учествува веќе четврта сезона.

 




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.