ВИДЕО: ”Петмина Македонци против 2000 Грци во Мелбурн, употребен и солзавец”

Петмина Македонци против 2000 Грци на вчерашниот протест од грчката дијаспора во Мелбурн, кој се одржа под мотото „Не за продажба на името Македонија и Македонија секогаш ќе биде грчка“.

На протестот со транспаренти и грчки знамиња, се извикувало „Македонија е грчка“, „Скопјани“, а учествувале над 2000 луѓе.

Протестите се одржале во центарот на Малбурн, кога дошло првин до вербална пресметка на учесници на демонстрациите и група Македонци кои, облечени во маици со македонски национални обележја, седеле на кафе во близина на грчкиот конзулат.

Потоа дошло и до физичка пресметка, по што интервенирала полицијата која употребила и солзавец, пренесува порталот “Фаланга”.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.