По скоро 9 месеци затишје се појави ново видео кое носи сомнежи кај луѓето дека чудовиштето од Лох Нес е живо. Многу веруваат дека ова митско животно повторно се појавило.
Туристот Роб Џоунс снимил видео покрај езерото во Шкотска, на кое се гледа како пред бродот на површината од водата се движи чуден облик, кој многу потсетува на Неси, познатото чудовиште, пишува “Мирор”.
Голем број на научници и експерти сметаат дека доказите за постоењето на Неси се измама или лоша идентификација, но многу луѓе кои живеат таму веруваат дека Неси постои, затоа што во тој регион, како што тврдат тие, се случувале многу мистериозни настани од кои се плашат.
Ф.Г.