ВИДЕО: Мигранти нападнаа министерка, една жена прегазена со автомобил!

Данската полиција денеска ја евакуираше министерката за миграција на Данска, Ингер Стојберг од еден центар за депортација, поради манифестираното незадоволство на група мигранти од нејзината посета.

До инцидентот дошло откако Стојберг решила да се сретне само со едно семејство во центарот, што не им се допаднало на останатите мигранти, кои се подготвувале за нејзината посета и средба со неа.

Незадоволни поради ваквата постапка на министерката, група мигранти се собрале околку нејзиниот службен автомобил во обид да ја спречат да го напушти центарот.

Поради ова интервенирала и полицијата, со цел да и овозможи на министерката да замине од центарот.

Данскиот весник „Локал“ објави дека при обидот на автомобилот на Стојберг да замине од центарот, една жена се фрлила врз возилото, но возачот продолжил да вози и ја прегазил. Засега нема информации за состојбата на прегазената жена.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.