Возач од американската сојузна држава Ајова бил „уловен“ по полициска потера, по што им рекол на полицајците дека тој всушност и сакал тие да го бркаат, оти тоа му било на „листата желби“.
Четириесет и шестгодишниот возач одбил да застане кога полицијата се обидела да го запре на еден магистрален пат, по што уследила 15-минутна брканица.
Кога бил приведен, признал дека сето тоа било намерно.
Полицискиот наредник Скот Брајт изјави дека во својата 28-годишна кариера никогаш не чул таков изговор.