“БОМБА!!! Maрјан Ристески ги реши изборите во Прилеп?! Бришење долгови за социјалните категории!!! Тоа е новата ЕРА!!! (ВИДЕО)

На денешната прес-конференција актуелниот градоначалник и кандидат за нов мандат Марјан Ристески најави мерка за најранливата категорија на граѓани. Се работи за еднократен отпис на долгови од комуналната сфера, нешто што ќе биде од огромно значење за оваа група на граѓани во Прилеп.

Oваа мерка поконкретно ќе значи ОТПИС НА ДОЛГОВИ за вода и ѓубретарина на првата седница на Совет за социјално загрозени семејства во Општина Прилеп! Во низата мерки за оваа категорија на граѓани предвидено е и  ВРАБОТУВАЊЕ на лица од ранливи категории за вршење јавни работи! 

Во продолжение интегрален текст од денешната прес-конференција:

“Денес, на овој голем празник на сите граѓани на Република Македонија, на овој голем празник на сите граѓани на општина Прилеп, сакам да најавам еден проект, една мерка која се однесува на најранливата категорија наши сограѓани, социјално загрозени семејства.

По конституирање на новиот Совет на општина Прилеп, ќе му предложам да биде усвоена следната мерка: Еднократен отпис на долгови од комуналната сфера.

Еднократен отпис на долгови за вода и ѓубретарина за граѓаните од социјално загрозени семејства во општина Прилеп. Ќе биде формирана комисија составена од советници во Советот на општина Прилеп, директорите и претставници на комуналните претпријатија, која по точно определените критериуми ќе утврдат кои се граѓаните кои ќе ги опфати оваа мерка.

Истовремено, сакам да најавам дека и во наредните 4 години општина Прилеп и јас како градоначалник ќе ја продолжиме практиката да склучуваме договори за вршење на јавни работи со лица од социјално ранливите категории.

Почитувани сограѓани, драги прилепчани, Од страна на СДС вчера слушнавме дека Антифашистичкото востание започнало во Прилеп на 11 –ти Октомври 1944, а завршило на 3-ти Ноември 1944. Според СДС, НОБ траела 23 дена.

Додека тие мислат дека НОБ траела 23 дена, ние во програмата за овие избори понудивме 23 капитални проекти!

Затоа, ве повикувам на 15-ти Октомври да го заокружиме бројот 13! Број 13 за работа, за Прилеп, за Македонија!”

 




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.