MАЈКА МОНСТРУМ: Прво се венчала со нејзиниот син, а сега и со нејзината ќерка (ФОТО)

Патриција исто така била омажена за нејзиниот син, но бракот бил поништен во 2010 година

Девојката која се венчала со својата биолошка мајка е прогласена за виновна за инцест и осудена е на 10 години затвор, пренесува Мирор.

Мисти Спан  (26) се изјаснила за виновна за незаконско стапување во брак со својата мајка Патриција Спан (44), откако за време на истрагата откриена е нивната врска.

Патриција исто така била венчана со нејзиниот син, но тој брак бил поништен во 2010 година. Ова семејство од Оклахома било разделено кога децата биле мали.

Патриција рекла пред полицијата дека го изгубила старателството над Мисти и уште другите две деца, но дека со нив се поврзала во 2014 година.

Мајката наводно рекла пред властите дека таа и Мисти “се поврзале на посебен начин”.

Taa oдлучила да се венча со нејзината ќерка, а нејзиното име се наоѓа на крштеницата од Мисти. Мисти е осудена од Окружниот суд во Оклахома.

Патриција  исто така е обвинета за инцест и се очекува да се појави пред судот во јануари.

 

А/Г/




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.