Eдна поинаква слика на американското општество: Лос Анџелес на самиот ден Божиќ оваа година (ВИДЕО)

Koга се зборува за Америка, а особено за големите метрополи како Лос Анџелес, Њујорк, Вашингтон….навикнати сме на една блескава слика, со облакодери, билборди, средени булевари, паркови, убавина насекаде.

Но, ретко каде се пренесува темната страна на американското општество, за бројот на сиромашни, а уште полошо за огромниот милионски број на бездомници.

Видеото во продолжение кое ги обиколи социјалните мрежи ширум светот е токму од Лос Анџелес, еден од најголемите градови во Соединетите Американски Држави.

Во краткото видео може да се забележи како изгледа еден сиромашен кварт со стотици импровизирани живеалишта на бездомници на сам ден Божиќ.

После ова нема се така да ви изгледа блескаво и розово:




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.