ФОТО СПОРЕДБА: “Паркот на љубовта” – Денес гордост на прилепчани

BeFunky Collage

Она што некогаш се нарекуваше “парк”, а претставуваше дива депонија со раскопани тревници, но често и опасна средина за најмалите, поради големиот број наркозависници кои се собираа тука,  денес е претворено во вистинска оаза и претставува гордост на прилепчани.

“Паркот на љубовта” пред основниот суд во Прилеп, е рајска градина каде секој го најдува својот мир и спокој. Дење вистинско одморалиште за најмалите и пензионерите, а навечер место каде се раѓаат нови љубовни приказни.

Не постои некој што останал рамнодушен и не одседнал барем на кратко.

За почитување е и тоа што локалните власти прават секакви напори овие паркови површини да се одржуваат и да изгледаат како недопрени.

Ве потсетуваме како изгледаше просторот на денешниот парк претходно.

IMG_3535

IMG_3536

IMG_3537

IMG_3538

 

sud

Дополнителен коментар не е потребен. Погледнете како изгледа денес еден од најубавите паркови во градот под “Марковите Кули”.

 

Aлександар Георгиоски




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.