Неданоски нов играч на Победа

недановски

Прилепска Победа од денес има нов напаѓач. Тоа е 20-годишниот доскорешен член на Пелистер и голгетер на втората лига Александар Неданоски. Тој во зимскиот преоден рок се врати во Пелистер од второлигашот Новаци, но откако му било предочено дека на него не се смета, се реши да се пресели во соседниот пелагониски ривал.

Победа експресно реагираше и го доведе во своте редови најдобриот играч на второлигашот Новаци, кој со 9 голови на 11 натпревари беше најдобар стрелец во есенскиот дел од првенството на втората лига. Недановски е дете на Пелистер каде ги мина сите клупски селекции, а се очекува да претставува вистинско засилување за прилепчани во последниот 4-ти круг од шамионатот.

Бидејќи доаѓа по завршување на преодниот рок, за настап во новиот клуб ќе мора да сочека период од 2 месеци. Прилепчани ја доставија комплетната документација до Комисијата за регистрација при ФФМ, на чиј утрешен состанок се очекува да биде верифукуван трансферот на Недановски во Победа.

Неданоски, кој настапува на десната офанзивна странична позиција, со право за настап за Победа би се стекнал во натпреварот од 29-то (второ од четвртиот круг) коло со Силекс во Прилеп, на 26-ти април.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.