Интервју со Тодор Тодороски: Вреден талент на кој му претстои светла иднина

15128693_1366659353345909_1944471406_n

Хектор Белерин, фудбалерот на Арсенал кој тврди дека е најбрзиот фудбалер во светот, е негова инспирација. Тодор Тодороски е млад фудбалер од Прилеп, кој настапува за Вардар. Тој е вистински талент, секогаш инспириран, упорен и вреден работник на теренот, има големи соништа и чекори кон патот на успехот.

-Твојот живот, твојата љубов е фудбалот. Кажи ни, кога се роди оваа љубов и кои се твоите први фудбалски чекори ?

Љубовта кон фудбалот започна многу рано. Моите први фудбалски чекори ги започнав на 7 годишна возраст.

– Кој е твојата најголема поддршка и те поттикна да го избереш фудбалот ? Има ли и други фудбалери во твоето семејство ?

Се разбира најголем мотиватор за тоа е моето семејство. Во моето семејство нема други фудбалери, но да се надеваме дека поуспешен од мене ке биде мојот помал брат кој има само 4 години. Тој расте со топка во нозете.

– Кој дел од теренот најдобро го владееш ? Која е твојата позиција ?

Па едноставно многу добро се снајдувам на секој дел од теренот, но мојата моментална позиција е десен бек.

15128533_1366659220012589_339729232_n

– Постои ли некој постигнат гол или некој натпревар кој никогаш нема да ги заборавиш и кои те мотивираат да продолжиш во истиот ритам ?

Имам постигнато многу голови од кои најмил ми е онoј во Прилеп против нашата Победа. Има многу утакмици кои никогаш нема да ги заборавам како во репрезентацијата на Mакедонија така и во мојот клуб.

Ние сме првата генерација која играла во Лигата на шампионите, а таму секој натпревар е незаборавен и приказна сам по себе.

– Како Тодор работи на темпирање на својата форма ?

Формата се одржува само со работа фудбалот сака да се откажиш од многу работи ако сакаш да има напредок.

– Има ли некој фудбалер, идол, во чија игра се препознаваш себе си ?

Немам некој посебен идол, но морам да кажам дека моментално се восхитувам на фудбалерот на Арсенал Хектор Балерин.

15086912_1366659233345921_888628282_n

– Што е твојата желба, каде се гледаш во иднина ?

Мојата желба е да станам врвен фудбалер и да го дочекам мојот деби настап во првата екипа на Вардар.

Што според тебе му е потребно на македонскиот фудбал да застане на здрави нозе, како на клубски така и на репрезентативен план, дали секогаш финансиите се главниот проблем ?

Па според мене треба да се сменат многу работи во македонскиот фудбал, секако дека финансиите се главниот проблем но тука се условите на кои се работи, терените, тренерите, но да заокружиме главниот проблем се финансиите.

15045561_1366659193345925_927895572_n

– Освен спортот, имаш ли и некоја друга опсесија ? За што го користиш слободното време ?

Па слободно време го користам за дружење со пријателите, излегување, но понекогаш и да си направам индивидуален тренинг.

– Кој  е патот до успехот според Тодор Тодороски?

Целта  која ми е зацртана во главата едноставно е работа, работа и само работа, успехот ќе дојде сам по себе верувајте.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.