ДОЛГО РАБОТЕЛА КАКО ШИВАЧKА, А ДЕНЕС ЖИВЕЕ СО СТИЛ: Еве како изгледа мајката на Меланија Трамп

Словенката Амалија и натаму е најдобриот моден советник на нејзината ќерка

melanija

Родителите на првата дама на САД, Меланија Трамп, Амалија и Виктор Кнавс денес живеат во кулата на Трамп во Њујорк. Нејзината мајка важи за еден од најдобрите советници на Меланија, а во родната Словенија таа работела како шивачка, додека пак Виктор се занимавал со продажба на автомобили.

C0Zi04zUUAEjP99

Амалија е најголема поддршка на своите ќерки Меланија и постарата Инес.

ines_r

Кога Амалија со семејството од Ново Место се преселила во Америка веќе не работела како шивачка, но со своето знаење им помагала на ќерките да бидат убаво дотерани и им давала корисни совети бидејќи во тој период не можеле да си дозволат луксузна гардероба.

Во едно неодамнешно интервју, Меланија објасни дека нејзината мајка има уште поважна улога од онаа на моден советник. Имено, Барон, синот на Трамп и убавата Словенка, голем дел од времето го минува со своите баба и дедо кои го учат да зборува на словенечки.

majka

 




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.