ФОТО: Страшна сообраќајка на патот Прилеп-Градско, двајца загинати

Две лица загинаа во сообраќајна несреќа која денес околу 13:20 часот се случи на патот Прилеп-Градско кај каменоломот.

Во изјава за Курир, портпаролот на СВР Битола Лефтерија Миленкоска информира дека во несреќата учествувале автомобил „Ровер“ со кавадаречки регистерски ознаки и камион влекач со велешки таблички.

Во несреќата животот го загубиле Д.Ч. (56) и Д.Ј. (52), двајцата од Кавадарци.

Миленкоска вели дека увидот е во тек во присуство на јавен обвинител, а сообраќајот се одвива со наизменично пропуштање на возилата.

ФОТО: Ѕид на сообраќајниот срам




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.