Прилепскиот параглајдерист и понатаму “гази” на меѓународно ниво – Нови успеси од Албанија (ФОТО)

Ветеранот и селектор на македонската параглајдинг репрезентација Миле Јованоски и членовите на клубот Делта од Прилеп уште еднаш докажаа дека се врвни спортисти со кои се гордее Прилеп и Македонија.

Јованоски го освои третото место на големиот меѓународен натпревар во парагалјдерство во дисциплината прицизно слетување кој од 22 до 24 декември се одржа во албанскиот град Корча. На натпреварот учествуваа над 50-тина пилоти од Албанија, Косово, Србија, Македонија, Бугарија, Грција, Турција и Англија. Второ место на натпреварот беше Хизри Губедини од Косово, а првото место го освои Јасен Нејчеб од Бугарија.

Тимот Делта предводен од Миле Јованоски го освои и првото место во екипна конкуренција, второ место екипно беа учесниците од Косово, а трето тимот ОЗОН од Албанија.

Ова е само еден од многубројните меѓународните турнири годинава од каде семејството Јованоски се враќа со освоен медал.

Последниот таков успех беше на меѓународниот натпревар Prilep Open, пред неколку недели, каде браќата Борјан и Мартин Јованоски го освоија второто и третото место.

 




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.