Новогодишно изненадување од прилепчанката Елена Велевска (ФОТО)

За време на Новогодишните празници фолк-поп пејачката Елена Велевска  подготвува вистинско уживање со убава македонска песна. Во новогодишно ТВ шоу реализирано од “ИН продукција”, ќе може да се слушнат најголемите хитови на Велевска, но и некои големи народни хитови.

Гости на овој проект се групата Чардак, со кои Елена го реализираше ДВД проектот “Ѓердан за душа 2”, составен од сплет на македонски песни, кои публиката одлично го прифати, а за тоа говорат и големите прегледи на Jутјуб.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.