ЕКСКЛУЗИВНО: Командантите во Влада, прилепчани дома, само Сугарески по патишта ?!

465266-ako-pomine-dogovorenoto-na-zaev-zbogum-na-makedonija-po-26-godini-nezavisnost

Тотално разочарување од предложените кандидати за министри владее во прилепските политички колуари. 13 пратеници, а 10 министерски места добија коалиционите албански партнери на СДСМ. Само едно место за локалните прилепски кадри.
Се поставува прашањето: дали командантите од ДУИ, беа изборот на оние што гласаа за “нов живот”?!
Паднаа во вода обвинувањата во минатото дека ДУИ била криминогена партија, корумпирана. Денес со најубави епитети за нив, раководството на СДСМ сака да го сокрие срамот од ова предавство.
Во секој случај едно е јасно. Влада со 62 пратеници е како петарда со краток фитиљ! Нема време ни да и се израдуваш! Очигледно многу кадри со големи апетити ќе останат ” бели во очите”. Но, тоа што сме дробеле, тоа ќе сркаме. Останува да ги очекуваме и обидите за федерализација, двојазичност, сменување на државни симболи, 500 евра минимална плата,100.000 денари плата за доктори, повисоки субвенции…
По ваквите кадаровски разочарувања, се натаму за прилепчани ќе биде “рутина”…

 




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.