Џудо клубот “Сеишин” дел од манифестацијата „Ноќ на боречките вештини“

grupna

На 13.11.2016 во Трговскиот центар „Веро-Џамбо“ во Скопје, по 13 пат се одржа манифестацијата „Ноќ на боречките вештини“ во организација на Кик Боксинг Федерацијата на Македонија.
Џудо клубот СЕИШИН- Прилеп со 5 свои членови зеде учество на оваа манифестација на покана на организаторот.
Мартин Јаковлески, Христијан Ѓураков, Александра Најдоска, Михаела Пешталеска и Тале Трајковски имаа двочасовна презентација пред присутните демонстрирајќи џудо техники и презентирајќи го џудото како Олимписки Спорт!
Презентации исто така одржаа и од следните спортови: Кик Бокс, карате, самбо, бразилско џиу џицу, реален аикидо, борење и бокс.
parter-2 pocetok




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.