Џудо клубот “Бушидо” успешно ја заокружи оваа година: “Во 2018-та освоивме 130 медали, во следната година очекуваме многу повеќе”

Џудо клубот “Бушидо” денес во хотел Атлас организираше предновогодишна забава и успешно ја заокружи 2018-та година со доделување на признанија и медали за најдобрите такмичари.

Во оваа година членовите на “Бушидо” освоија 130 медали на државните и меѓународните натпреварувања што е огромен успех за овој релативно млад клуб.

“За 4 години се освоени 580 медали од кои 70% се на меѓународни натпреварувања. Во клубот имаме 15 репрезентативци од почетните 25 натпреварувачи”, истакна тренерот Рубин Пеески.

Следната година е јубилејна за “Бушидо”, клубот ќе го прослави своето петгодишно постоење на 1 октомври.

За најдобра во 2018-та година беше избрана репрезентативката Теодора Ристеска која во стилот на голем спортист ја сподели оваа награда со нејзината клубска другарка Елеонора Илиоска.

Од клубот ветуваат дека нема да застанат тука и најавија дека следната година ќе биде многу поуспешна, како на државните, така и на меѓународните натпреварувања.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.