Џудо клубот “Бушидо” со 10 медали се врати од Меѓународниот турнир во Пожаревац

На покана од џудо клубот “Бомби” од Пожаревац, Србија, џудо клубот “Бушидо” за прв зеде учество на овој Меѓународен турнир.

На турнирот на кој учествуваа 400 натпреварувачи, прилепчани се вратија со голем успех, односно 10 медали од 11 такмичари.

Ова се освојувачите на медали:

– Матеја Кочоска 3 место, Сара Атанасоска 2 место, Христијан Здравески 2 место, Филип Петроски 3 место, Елеонора Илиоска 3 место, Михаела Димоска 1 место, Елена Малиноска 2 место, Стефан Талески 3 место, Теодора Ристеска 2 место.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.