На 27.03 ( недела) во Прилеп се одржа Државното Првенство за Деца и Кадети во Џудо за 2016 година. Ова беше одлична можност младите натпреварувачи да ја проверат својата форма и кондиција. Сјајната и напорна работа на тренерите и натпреварувачите од клубот, на дело покажаја како се станува и останува најдобар. Пролетер освои вкупно 26 државни резултати на ова натпреварување, од кои 9 први места, 10 втори места и 7 трети места.
РЕЗУЛТАТИ:
Прво место: Теодора Димеска, Томеска Марија, Макеска Александра,Тадеј Галески,Мартин Петрески,Јован Стојаноски, Јордан Ѓеоргиески, Симеон Гешоски, Борче Ангелов.
Второ место: Леонид Гешоски, Христијан Трпкоски, Михаил Богданоски, Христијан Богданоски, Михаил Стојаноски, Себастијан Митрески, Сара Петреска, Дарко Велкоски, Давор Велкоски, Менде Кироски.
Трето место освоија: Марија Самарџиоска, Ана Марија Трајческа, Петар Самарџиоски, Владимир Милчиноски, Андреј Стефановиќ, Давид Спиркоски, Николче Трајкоски.