Џудо експертот Габриел Сапта 6-ти ДАН Белгија кој е дојден во Р. Македонија на 1 годишна мисија со цел унапредување на џудо споротот во нашата држава, првата работна посета ја започна во Прилеп.
Имено на 23.01.2017 понеделник во спортска сала на ООУ-“Кочо Рацин”-Прилеп во редовните термини за тренинг 19,00-20,00 часот, 1-ва група деца, помлади и постари пионери и 20,00-21,30 часот, 2 група кадети, јуниори и сениори, домаќин беше Џудо Клубот “СЕИШИН”-Прилеп.
Во текот на утрешниот ден предвидено е да одржи пооделни состаноци со тимот тренери, а потоа и со раководството и комисиите на клубот “СЕИШИН” со цел размена на искуства и договор за понатамошната соработка.
Вотекот на работната посета оваа недела Сапта ќе ги посети и другите клубови во нашиот град.