Антони Џошуа е новиот крал на светскиот ринг. Во мечот пред 90.000 гледачи на Вембли Арената, Британецот сосема заслужено го победи Владимир Кличко и сосема заслужено стигна до тронот, но и го освои срцето на голем број фанови.
Владимир Кличко боксуваше поагресивно отколку вообичаено, се чинеше дека има контрола над 14 години помладиот противник, но одеднаш му се случи неочекуваното.
Премногу опуштено влезе во претпоследната рунда, а Џошуа тоа го искористи за да дојде до победа.
Британецот мечот го заврши со технички нокаут во 11-та рунда, а после 10-тата рунда, се виде дека Џошуа во неколку наврати му говори нешто на Украинецот.
За Би-Би-Си открива што точно му рекол на Кличко во пресрет на 11-та рунда.
“Му реков само тоа дека ќе го исплескам по з*****от во следната рунда”, изјави Џошуа.
Тој додаде дека и тренерите му рекле дека мора да победи во следната рунда.
“Јас им реков дека одморив една рунда, да не се грижат”, додаде Џошуа.
А.Г.