Светот е во исчекување на финалето во Ју-Ес Опен каде Новак Џоковиќ ќе се бори против Дел Потро и ќе се обиде да го достигне својот идол Пит Сампрас по бројот на освоени Грен Слем титули.
Џоковиќ веќе е во историјата на тенисот, а познатата британска новинарка Кетрин Ен Витакер, која работеше како тениски експерт за медиумските куќи како Би-Би-Си, БеИН, Еуроспорт… направи анализа со што би можел да се занимава Новак по завршувањето на кариерата.
Јасно е дека Џоковиќ на врвно ниво може да игра уште неколку години, а Витакер на интересн начин го објасни неговото идно занимање откако ќе “го закачи рекетот на клин”.
Таа смета дека Новак може да биде политичар, но најмногу е загрижена за Надал.
– За Надал се грижам најмногу. Роџер Федерер ќе биде извршен директор на некоја компанија, Џоковиќ политичар, Мареј ќе биде тренер или аналитичар. Но, што ќе работи Надал? Секако дека има хоби, но што ќе го окупира секој ден? – се запраша Витакер.