Џудо клубот Бушидо од Прилеп видекндов зеде учество на Меѓународниот турнир “МИОКИ ОПЕН” кој се одржа во Скопје. На турнирот настапуваа над 300 натпреварувачи од Македонија, Србија, Грција и Бугарија.
Прилепчани се вратија назад 11 медали и заокружија уште еден меѓународен успех.
Ова се освојувачите на медали: Филип Стојкоски 2 место, Тамара Илиоска 2 место, Теодора Илиоска 3 место, Анастасија Велкоска 1 место, Анастасија Мицеска 3 место, Стефан Талески 3 место, Анастасија Спасеска 2 место, Дамјан Маркоски 3 место, Матеј Малиновски 3 место, Елена Малиновска 3 место, Филип Попоски 3 место.