По завршување на Државното првенство во џудо, каде домаќините ги заслужија сите епитети за извонредната организација, а нивниот влог вложи со плод и на татамите, каде беа целосно доминантни и освоија 11 медали од 18 натпреварувачи (2 златни, 2 сребрени и 7 бронзени ), заслужено ја посетија општина Прилеп и оставрија средба со градоначалникот Марјан Ристески. Градоначалникот Марјан Ристески ги прими наградените џудисти, честитајќи им за постигнатиот резултат и посакувајќи им многу успеси и понатаму.
„Задоволство ми е што овие прекрасни дечиња имаат донесено многу награди, а самиот клуб „Бушидо“ има постигнато многу успеси за овие три години постоење“, посочи градоначалникот Марјан Ристески во неговата изјава.
Децата – џудисти, со големи импресии зборуваа за настаните:
„Многу се радуваме кога ќе освоиме некое место, редовно тренираме, се дружиме и многу сме задоволни од досега постигнатите успеси“, посочија во изјавата.
На ова првенство настапија вкупно 187 натпреварувачи од клубовите во Р. Македонија, а организатор беше прилепскиот клуб “Бушидо”.
Прилепскиот клуб “Бушидо” е во постојан подем, а резултатите не се изненадување кога ќе се има во предвид целосната посветеност и напор во работењето. Претходно џудистите од “Бушидо” беа целосни победници на меѓународен турнир во Војводина, Србија.
Во продолжение следат постигнатите резултати, постигнати од овогодинешното Државно првенство во џудо:
Сениори:
– 60 кг
1.Никола Велески – Пролетер
2.Јордан Ѓорѓиески – Пролетер
3.Резарт Хусеини – Ипон
3.Горан Крстановски – Миоки
– 66кг
1.Борче Ангелов – Пролетер
2.Марио Тошески – Сеишин
3.Мартин Тодорчески – Сеишин
4.Хамза Јашари – Миоки
– 73кг
1.Владимир Стојаноски – Пролетер
2.Еди Шерифовски – Миоки
3.Дурим Шакири – Ипон
4.Ангел Динов – Миоки
– 81 кг
1.Артан Рушити – Миоки
2.Омер Зендели – Работнички
3.Никола Станоев – Кожувчанка
3.Марко Паноски – Пролетер
– 90 кг
1.Бобан Глигуроски – Сеишин
2.Андреј Чакаровски – Дрим
3.Стојанчо Стојчев – Миоки
– 100 кг
1.Един Дураковиќ – Работнички
2.Бобан Савев – Миоки
3.Семир Авдиќ – Ипон
+ 100кг
1.Филип Јовески – Ипон
2.Ариф Сејди – Ипон
3.Александар Алексов – Гладијатор
3.Филип Макалоски – Пелистер
Сениорки:
– 48 кг
1.Теодора Димеска – Пролетер
2.Теодора Ристеска – Бушидо
3.Марија Талеска – Бушидо
– 52кг
1.Наталија Динова – Миоки
2.АнаМарија Трајческа – Пролетер
3.Ивана Никодиновска – Миоки
– 57кг
1.Берна Шерифовска – Миоки
2.Ана Димитровска – Миоки
3.Христина Дескова – Миоки
4.Ивана Кормушоска – Пролетер
– 63 кг
1.Амра Фејзула – Ипон
2.Катерина Николоска – Миоки
3.Александра Макеска – Пролетер
– 70 КГ
1.Ангела Велковска – Моки
2.Магдалена Бојаџиска – Миоки
– 78 кг
1.Анастасија Качаниклич – Ипон
2.Стефани Ивановска – Миоки
+ 78кг
1.Александра Најдоска – Сеишин
2.Драгана Савева – Гладијатор
Во машка конкуренција по една титула освоија џудистите на Миоки (2 сребра и 4 бронзи), Сеишин (по 1 сребрен и бронзен медал, Работнички (1 сребрен) и Ипон (1 сребрен и 3 бронзи), натпреварувач на Дрим освои сребрен, а со бронзи зе закитија џудоките од Кожувчанка, Пелистер и Гладијатор.
Најголемото изненадување на женскиот дел од турниурот го направи Амра Фејзула (-63 кг) која ја совлада олимпијката Катерина Николоска.
Во женска конкуренција евидентно беше малиот број на натпреварувачи, посебно во категориите -70, -78 и +78 кг имаше по две натпреварувачки, во -52 и – 63 по три.