Џудо Клубот “Бушидо” денес беше домаќин во ООУ “Блаже Конески” во Прилеп, каде пред основците од двете смени на ова училиште ги демонстрираше тајните на џудо техниките и значењето на оваа боречка вештина во растот и развојот на младите.
Темата на овој настан беше “MЛАДИТЕ И ФИЗИЧКОТО ОБРАЗОВАНИЕ – ЗА СИЛНИ И ЗДРАВИ МЛАДИ ПОКОЛЕНИЈA”, a целта е воведување на џудо спортот во наставата за физичко образование во основните училишта.
Демонстрациите на тренерот на клубот Рубин Пеески и неговите борци, беа на општо задоволство на сите присутни ученици и одлично прифатени.
Младите основци беа изненадени од умешноста на нивните врсници и заеднички работеа со своите домаќини.