Основачот и директор на “Амазон”, Џеф Безос, ја изгуби титулата на најбогат човек на светот, отворајќи му го патот на упорниот Бил Гејтс повторно да го освои првото место.
Имено, компанијата “Амазон” остварила лоши резултати во третиот квартал, со што Безос изгубил речиси 7 милијарди долари, пишува “Блумберг”.
Акциите на “Амазон” денеска паднаа за 7 проценти, оставајќи го Безос на “само” 103,9 милијарди долари. Соосновачот на “Мајкрософт”, Бил Гејтс моментално “тежи” 105,7 милијарди долари и се враќа на самиот врв по богатство.
Безос во 2018 година го прекина 24-годишното суверено водство на Гејтс на престижната листа на “Форбс”. Во меѓувреме, тој стана и првиот човек со 160 милијарди долари.
Минатата година медиумите пишуваа за “најскапиот развод некогаш”, односно за разводот помеѓу Џеф Безос и Мекензи, но тој и тогаш остана најбогатиот човек на планетата иако неговата поранешна сопруга се збогати за 38 милијарди долари.