ЏЕС БЕЈЛИ И СТЕЈТ ДЕПАРТМЕНТОТ ЗАРАБОТИЈА ТУЖБА ВО САД: Амбасадорот на САД ќе го судат во родната земја поради дестабилизација на Македонија!

На официјалната страница на УСАИД, е објавен податок дека во Македонија биле потрошени 4.819.125 долари пари на даночните обврзници на САД на невладини организации дел од мрежата на Сорос во текот на март 2012 до 2016 година.

bejli5

„Џудишл Воч“ денес објави дека поднеле тужба согласно актот за Слободен пристап до информации во САД, против Стејт Департментот на САД и Агенцијата за меѓународен развој УСАИД, со која што бараат извештаи и информации во врска со комуникацијата помеѓу актерите во финансирањето на политичките активниости на соросовите организации во Мкаедонија. Македонските организации, дел од мрежата на Сорос, добиле речиси 5 милиони долари од УСАИД во периодот од 2012 до 2016 година. Тужбата е поднесена во Дистриктниот суд на Колубија, а е заведена под името „Џудишл Воч против Стејт департментот на САД и УСАИД со број 1:17-cv-00729.

judicial_watch

Со тужбата се бараат информации во врска со доделените грантови, договори и доделување на средства од страна на Стејт департментот до оганизациите на Сорос во Македонија. Ова барање ги содржи сите детали во врска со барањата за доделување на грантови, финансирање, авторизација на исплати и слични информации, како и сите релевантни извештаи за комуникација помеѓу официјални лица или вработни во амбасадата и претставници на УСАИД.

Дополнително се бараат и информации за комуникацијата помеѓу претставници на Стејт Департментот (амбасадата) и УСАИД со претставници на соросоидните организии во Мкаеоднија.

Според „Џудишл Воч“, владата на САД тивко потрошила милиони долари на финансирање на дестабилизација на демократски избрана, десно-центристичка влада во Македонија преку колаборација со левичарот Џорџ Сорос. Амбасадорот испратен од Барак Обама во Македонија, Џес Бејли работел позади кулисите заедно со фондацијата на Сорос за да истиснува големи суми на пари за каузата, што е во спротивност со актот за работа на Амбасадорите на САД, но и во спротивност на Виенската конвенција за дипломатски односи.

Извор: Инфомакс




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.