Џони Деп се враќа во улогата на култниот Џек Спероу во петтиот дел од “Пиратите од Карибите”. Новото видео дава увид на авантурите кои ги очекуваат Џек Спероу и екипата во филмот “Pirates of the Caribbean: Dead Men Tell No Tales”.
Филмот е познат и под името “Одмаздата на Салазар”. Хавиер Бардем го игра Салазар кој сака да ги израмни сметките со Џек Спероу. Во улогата на бресмртниот капетан Вил Тарнер се враќа Орландо Блум, а Џефри Раш ќе го глуми супарникот на Џек, Хектор Барбоса.
Сценариото за филмот го напишал Џеф Натансон, а продуценти се Мајк Стенсон, Чад Оман, Џо Карачиоло, Бригам Тејлор и Тери Розио. Премиерата е закажана за 26 мај.
Ф.Г.
Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.