Џамбазов со моќен говор на “Буба Мара”: Децата во Кочани ги уби новиот фашизам, тоа се луѓе алчни, корупирани и полни со незнаење”

Со силни зборови и емотивен настап, Игор Џамбазов ја коментираше трагедијата во дискотеката „Пулс“, прашувајќи јавно: „Кој ги уби тие деца?“

„Наши неодговорни луѓе. Луѓе-нелуѓе. Тоа е новиот фашизам, луѓе. Нахранет со алчност, корупција и незнаење“, рече Џамбазов, оценувајќи дека трагедијата е симбол на системска негрижа и морален пад.

Во својот говор тој потсети дека пред три години на истата сцена рецитирал стихови од поетот Славко Јаневски, алудирајќи на песната „Крвава бајка“, инспирирана од масакрот во 1941 година.

„Тиквешко негде в некое село, кај слана тивко венеше цвете, убија дете. Кому му ги рецитирав овие стихови? Ја научи ли некој оваа поезија?“, праша тој, повлекувајќи паралела меѓу историските злосторства и современата трагедија.

Џамбазов го спомена и масакрот во Крагуевац од 21 октомври 1941 година, кога беа стрелани ученици и наставници, потсетувајќи на зборовите на наставникот кој рекол: „Пукајте, јас и сега држам час“.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.