ЌЕРКИТЕ НА ПУТИН: Најмалата е вистинско совршенство, а тој успешно ги крие од светот

Претседателот на Русија, Владимир Путин своето семејство го држи подалеку од очите на јавност. Иако веќе долги години е на чело на РУсија, сепак никој не знае колку точно има деца.

Познато е дека Путин од првиот брак со Људмила, со која беше во брака 30 години, ги доби ќерките Мариа и Катерина.

Мариа е родена 1985 година во Ленинград (денешен Санкт Петербург), а Катерина една година подоцна во Германија, каде Путин работел за КГБ, пишува “Бизнис Инсајдер”.

Људмила во една прилика рекла дека Путин ги разгалил своите ќерки, па таа морала да биде строг родител.

Марија (33) студирала медицина. Денеска живее во Москва со сопругот, а наводно има и дете.

Катерина (31) е акробатска танчерка. Во 2013 година се омажила за милијардерот Кирил Шамалов, но се разделиле на почетокот од оваа година.

Во јавноста се појавија и информации дека рускиот претседател има и трета ќерка, која ја добил со убавата гимнастичарка Алина, но тоа не е потврдено, како и нивната врска.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.