По свадбата на еден млад брачен пар, на првиот ден од нивниот заеднички живот младенците одлучиле никому да не ја отвораат вратата од нивниот дом, со цел да си посветат повеќе внимание еден на друг. Тој ден направиле договор – не се отвора вратата за никој по никоја цена – ќе бидат сами првиот ден од бракот!
На тој ден прво дошле родителите на мажот – сакале да ги видат синот и снаата. Затропале на вратата зад која биле сопружниците, но никој не им отворал.
Затропале повторно – мажот сакал да ја отвори вратата, се двоумел, но поради цврстиот договор кој го направија со жената – не ја отворил вратата, а родителите видоа, невидоа тажни си заминаа.
Набргу потоа повторно некој затропал на вратата – овој пат биле родителите на жената.
Младенците повторно стоеа зад вратата и се гледаа додека ѕвоното ечеше низ куќата. Жената го прегрна мажот и со солзи на очите му шепна – Не можам ова да им го направам на моите родители- и ја отворила вратата. Сопругот не кажал ништо.
Поминале неколку години и тие добија 4 сина, а петтото дете беше девојче. Таткото, за раѓањето на синовите прославил, но за раѓањето на ќерката направил невидена забава – ги поканил сите што ги познава и потрошил неброени пари за забавата.
Подоцна таа ноќ неговата сопруга го запрашала што е причината за таквата голема прослава за ова бебе додека за 4 сина претходно имале поскромни забави? На тоа сопругот и одговорил со една реченица – бидејќи таа е таа која ќе ми ја отвори вратата еден ден.