Ќе успее ли Сугарески да ја отстрани дивоградбата на Матка?

Нелегалните градби во Охрид се стопирани, а институциите постапуваат согласно законите, изјави премиерот Зоран Заев. Вели дека рушењето во некои случаи може да забави поради административни работи, како на пример, тендер за избор на фирма што треба да ги сруши објектите. Но, потенцираше дека доколку сè уште се гради, иако е издадено решение за стопирање на градбата, ќе следува кривична пријава за непочитување на решението – aнализира “Курир”

-Стопирани се двете градби со решение на соодветен инспектор. Има издадено решение. Во постапувањето на самото решение следува процес на извршување. Законот мора да важи еднакво за сите и ние ќе постапиме. Ако не постапи општината, ќе постапи државата, бидејќи тоа не е така само поради УНЕСКО, туку поради законите во Република Северна Македонија кои што треба да се почитуваат, изјави премиерот Зоран Заев.

Вели дека институциите постапуваат и во врска со дивоградбите на Матка. Но, градоначалникот на Сарај ќе почека второстепена судска одлука пред да дејствува во врска со бесправно изградените платформи.

-Си има за една од платформите судски спор. Деновиве Министерството за транспорт ме извести дека мора да бидам претпазлив, да не постапувам на брзина, бидејќи има двостепеност во нашата држава и се разбира согласно законите и ова прашање ќе биде постапено во тој дел, изјави Блерим Беџети, градоначалник на општина Сарај.

И двата случаи, дивоградбите во Охрид и на Матка јавноста ги поврза со високи јавни функционери.

Целиот текст прочитајте го ТУКА




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.