Пролетта е симбол на нов живот, сила, енергија и позитивност, па воопшто не изненадува дека многу имиња асоцираат токму на ова годишно време. Доколку очекувате бебе во текот на пролетта, погледнете ги следниве 15 женски и 15 машки имиња кои во себе ја носат живоста на самата пролет.
Имиња за девојчиња:
1. Весна е старословенска божица на младоста и пролетта, која имала власт над сончевата топлина, а со тоа и над обновувањето на природата.
2. Лада, ќерката на Весна, е божица на летото, љубовта и убавината. Таа се буди во пролетта и нејзиното владеење се зајакнува со зголемувањето на сончевата енергија.
3. Зора е старословенска божица на утрата, која му дава сила на сонцето.
4. Жива, според словенската митологија, е божица на животот.
5. Флора е божица на пролетта и цвеќињата според римската митологија.
6. Маја е римската божица на полињата и плодовите која се поврзува со пролетта, а по неа и е познат месецот мај.
7. Аурора е римска божица на изгрејсонцето.
8. Ирис, според грчката митологија, е божицата на виножитото.
9. Талата (Тало) е уште една божица на пролетта, заштиничка на младоста, според грчката митологија.
10. Анастасија потекнува од грчкиот збор анастасиас, што значи повторно раѓање, воскреснување и преродување.
Останатите женски имиња кои се поврзуваат со пролетта и новиот почеток се Цвета, Невена, Јасмина, Лилјана и Виолета.
Имиња за момчиња:
1. Вито потекнува од латинскиот збор вита, што означува жив, полн со живот.
2. Лука има корени од латинскиот збор лукус, што меѓу другото значи и шума.
3. Младен, што очигледно означува млад.
4. Јарило е бог на пролетната вегетација и плодноста, како и сопатник на божицата Весна во старословенската митологија.
5. Стрибор е уште едно име во старословенската митологија, односно богот на ветрот и шумите.
Останатите машки имиња што асоцираат на пролетта и новите почетоци се Горан, Ведран, Зоран, Дубравко, Цветан, Флоријан, Јасмин, Невен, Јасен и Јавор