Времето во Македонија ќе биде сончево со мала локална облачност и со слаб до умерен северен ветер.
Утринската температура ќе се движи од 10 до 17, а дневната од 23 до 30 степени.
УВ-индексот ќе изнесува 9.
Во Скопје, слично време, сончево со мала облачност и со слаб до умерен северен ветер. Утринската температура ќе се спушти до 14, а дневната ќе се искачи до 27 степени.
Од утре до сабота ќе преовладува стабилно и посвежо време со умерен северен ветер.
Во недела се очекува нов влажен бран со повремени врнежи од дожд, кои на места ќе бидат пообилни.