Започнаа градежните активности околу реновирањето на оградата на мостот кај ОУ „Кочо Рачин“. Оградата ќе има нов современ изглед, а ќе биде изработена од метал со светлосни ефекти. Современиот дизајн на ограда ќе допринесе урбан поглед на мостот во текот на целиот ден. Реновирањето на мостот токму на овој дел од градот кој е најфрекфентен ќе даде ново и урбано лице на градот Прилеп.
Истовремено се работи на уредување на речното корито на Градска Река, а претходно беше осовремен и мостот кај старата автобуска станица.