СДСМ ВО ПРИЛЕП НА ГОЛЕМО ВРШИ ПРЕДИЗБОРНИ ПОДГОТОВКИ !?! ТУТУНСКИОТ КОМБИНАТ КАДЕ ШТО ДИРЕКТОРУВА ЗОРАН ПАЧЕШКОСКИ ЦАКИО КОЈ ИСТОВРЕМЕНО Е И ПРЕТСЕДАТЕЛ НА ОО НА СДСМ ИТНО ВРАБОТУВА 67 НЕ ПРОДУКТИВНИ КАДРИ – ОПШТИ РАБОТНИЦИ – објави новинарот Зоран Момироски.
Според информацијата, огласот е објавен на 06.02., а трае само три дена до четврток (08.02.2024г.).
-КОНКУРОСТ Е ОБЈАВЕН ДЕНЕСКА А ЗАВРШУВ ВО ЧЕТВРТОК.КАКВА ЌЕ БИДЕ ДОПОЛНИТЕЛНАТА ОБВРСКА НА ОВИЕ ,,ПАРТИСКИ ИЗБРАНИЦИ,, ОД ЦАКИО, САМО ТОЈ И НЕГОВИТЕ НАЈБЛИСКИ ВО ТИМОТ СИ ЗНААТ. ТУТУНАРИТЕ НЕКА СТИСКААТ ЗАБИ И НЕКА МОЛАТ ЗА 30 ДЕНАРИ ЗА КИЛОГРАМ ПРЕДАДЕН ТУТУН А ФИЛИП МОРИС НЕКА СТИСКА ЗАБИ НЕ ДАЈ БОЖЕ ИНФАРКТ ДА НЕ ДОБИЕ – напиша Момироски.
И додека институциите и државните претпријатија наголемо се полнат во пресрет на изборите, изостанува реакција најголемата партија во Прилеп.
Овие информации од новинарите, како и жестоките реакции на граѓаните на социјалните мрежи и чаршијата, како да не допираат од претседателот на ОК ВМРО-ДПМНЕ Прилеп, Дејан Проданоски и неговиот потесен круг на луѓе.
Партијата во Прилеп како се’ уште да е во празнична еуфорија, па заборавија на најавените кривични пријави за низата сомнежи за криминал за кои се зборуваше во минатото, а сега преќутно го аминуваат и ова масовно полнење со предизборни вработувања.
Токму Момироски во последната колумна “Во Прилеп не е проблем, а се’ е проблем”, пишуваше за наводен договор помеѓу првите луѓе на двете партии во Прилеп да не се напаѓаат.
-Порано во предизборен период ,,фрчеа,,соопштенија, изјави, фрчеа аргументи и противаргументи . Сега молк и кај едните и кај другите. Молчат оти ,,наводно,,така ,,братски,, да не се напаѓале си се договориле Цакио од СДСМ и Декио од ВМРО-ДПМНЕ.Сомневањата кои со месеци висат над прилепската јавност дека оваа ,,тајна колација ,,си функционира безпрекорно и си опстојува во сите сегменти на живеењето очигледно стануваат се појасни. Единствено и во едниот и во другиот табор само се подгрева членството и се инсистира на единство со цел да се извојува победа. Дали и во овој случај важи народната: “СЛОЖНИ ПОПОВИ И ВО ПОСНО СИ МРСАТ”, е прашање за еден долар – напиша Момироски.