Ќе се намали ли породолното од 9 на 5 месеци? Владата се уште нема демантирано

Владата и министерството за труд и социјална политика не ги демантираат информациите според кои породилното боледување ќе трае само 5 наместо досегашните 9 месеци – пишува порталот “Експрес.мк”

Овие неофицијални информации се појавија во дел од документ објавен од државни службеници на социјолните мрежи за кој се тврди дека е предлог на владата кој треба да биде усвоен во Собранието.

Според делот од документот објавен на социјалните мрежи од лица кои имаат пристап до владините предлог закони, платеното боледување за породилно отсуство кое го покриваше државата треба да се намали од 36 недели на 20 недели за едно родено дете или 28 месеци за близнаци или повеќе родени деца одеднаш.

Според досега непотврдениот документ за кој се вели дека е владин предлог во ставот 2 од членот 161 за мајчино отсуство, мајката ќе може да оди на породилно 15 дена пред породувањето а треба да се врати на работа по 45 дена од раѓањето на детето.

Првичните анализи на документот кој засега не го коментираат ниту демантираат владата и министерството за труд и социјална политика се дека со оваа мерка ќе се удри на наталитетот затоа што многу мајки нема да можат или не сакаат да се вратат на работа по само 45 дена од породувањето.

Причините за ваква владина предлог мерка која што се уште не е официјално потврдена се дека во државните фондови кои го покриваат мајчиното отсуство нема доволно пари за плаќање на надоместокот за мајките и затоа се крати периодот на платено мајчино отсуство од работа.

Според реакциите на социјалните мрежи ако владата навистина планира вакви промени ќе се соочи со сериозен отпор во јавноста.

Извор: “Експрес.мк”




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.